12. Мртвата песна лежи врз мртвото лисје од лани  ранетата нејзина земја и мртвиот аргатин сами  Најблиски еден до друг Сал таа немо ја слуша  немата исповед на немирната негова душа  Лежат неподвижни и неми Молчат и тој и таа  во прегратка гушнати вечна под ѕвездите што чмаат  Црна е оваа ноќ и црн е веќе светот  што ги сврза во едно паѓањето и летот  Во корењето истечува земни надојдената негова песна  поетот дури се дели од крвта своја пресна  Самотнику ноќва е твоја и земјата е најмногу твоја  и муграта што огрева веќе од несоницата своја
               
             
           
            
            
              „Елегии за тебе“
               од Матеја Матевски 
              (2009)