Мртвите пријатели ти мавтаат од балконите, те пресретнуваат зад аглите, живите и онака повеќе ги гледаш на интернет.
„Најважната игра“
од Илина Јакимовска
(2013)
Не пиев. Алкохолот мирисаше на мојот мртов пријател.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Таа е затурена одамна, или е замината, како и мртвиот пријател, во окото на птицата што упорно колве по нашите спомени. Или надежта проврнала како студениот дожд.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)