Завладеа мртва тишина и сите исчекуваа да проговори новодојдениот во кафето.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Звукот на крцкање на тркалата е застрашувачки, само тој се слушаше во таа мртва тишина и магла.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
После десетина секунди чукањето повторно го повтори, но ова на квадрат, и повторно долго чекање со мртва тишина.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
На Онкологија беше мртва тишина.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
При кревањето на завесата е длабока ноќ и мртва тишина.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
И потоа... мртва тишина.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
И потоа... мртва тишина. превод: Георги Стојанов фиг. 19.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Веднаш сфатив дека точно таму Бах умира.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Последната страна од „ Уметноста на фугата „ на Бах.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Од празните болнички соби и ходниците во кои владее длабока, мртва тишина што ја поматува само тивкото крцкање на подгниените прозорци со испокршени стакла и врати, бие огромна осама која предизвикува измачувачки немир и чувство на болка.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Кога ги сонувам
од морето протерани
без замена за изгубеното
избезумени од промената
и предвреме пресувани фосили
кога го читам внимателно
нивниот ритмичен скелет
тој совршен сонет за патиштата
сами од себе што се делат
и нѐ делат
кога се обидуваат да ми објаснат
што му претходело на сонот
се загледуваат долго во себеси
таму кајшто сѐ е јасно
од шкргите им потекува крв
основната боја на Земјата
да не ја издадат тајната на молчењето
да изгубат волја да се вратат
во својата природна состојба
да ја изменат претставата
за светот но и за себе
затоа што сѐ природно е некогашно
во мене прагот на чувствителноста отстапува
под скерлетниот пламен
на она кое требало да се изговори
а согорело под папокот
афазијата на говорот станува сеопфатна
а мртвата тишина, или со други зборови
смртта, на дофат.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Најмалку еден час седевме во мртва тишина; однадвор можеби изгледаше дека сме целосно внесени во витлите од чадот што го притискаа воздухот во собата.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)