Но никого не го засегал туѓиот живот, наморничавен и мувлосан или тромав и со глекав лој под бабуњосаните очи.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Татко ми и денес знае да им го изрони на врапчињата, ако е мувлосан или многу исушен.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
И пак месото им останало наежено: руменилото паѓало на чисти и здрави кожи, можеби тоа ги закитувало младите образи и во мразулчави јануарски дни и ноќи, секогаш, на ветар и под виулици, како ни од претскажувачко жолтило што не се ослободувале старците, посебно побогатите, по низа години без допир со надворешно струење на воздух и со навики за севозможни уживања во затворени одаи.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Многу сакам да го фрлам сувиот леб, ама раката некако ми се вкочанува!
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)