наведнат (прид.) - глава (имн.)

- Ете, татко, го исчистив дуќанот! - одговараше Гоце со наведната глава.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Гоце, со наведната глава надолу, молчеше...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Најпосле тој мораше да ја прифати навиката просто со наведната глава да излезе колку што може побрзо.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Коле се јадеше и сите нѐ обвинуваше: - Ви велев ли јас да го чукнеме уште еднаш, а вие викавте: „Доста му е. Готово е.“ Гледате ли: ништо не му станало. Молчевме со наведнати глави.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Заради она малиот - секавично сè тргна наопаку.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
На сите прашања молчев, стоев со наведната глава.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Дедо Димо слушаше со наведната глава, гркланот му подрипнуваше, се топеше од блаженство, му се чинеше на стари години ќе заплаче.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Затоа со наведната глава поминуваше по улиците и гледаше што понезабележливо да се изгуби од градот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Потоа со наведната глава, башка и гологлав, влезе во службената кола, без збор на приговор или отпор, па се упатија никаде другде туку пак во Клиничкиот центар, само сега погоре, во Судска медицина.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Како омацурен мачор потоа, кога реферираше во Комитетот со наведната глава, чекаше за казна него прв да го затворат, но другарите само му свртеа грб и нему му беше јасно барем толку дека е свршено со неговата кадровска кариера.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тогаш Васко станува и со наведната глава си оди дома. Ете, така ти е тоа.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Така ќе направи, и со наведната глава ги тера говедата пред себе, се разминува со луѓе и само тогаш одвај поткрева глава да ги поздрави или да ги отпоздрави, ама тие ништо да не видат и да не сетат зашто нејзината мака треба само нејзина да си остане.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Баба Севда продолжи така смерно да си седи на патот, потпрена на ѕидот зад неа, со патерицата навалена крај неа, при секое поткревање на погледот тресејќи ја главата и главно со наведната глава во знак на покорност и помиреност со судбината.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Додека внимателно зачекорував на тротоарот, бев со нужно наведната глава, така што Сновалката и момчето - само ми засончија во свеста како нешто колку нападно по нивниот однос толку и матно за да можам да погодам всушност што се случуваше.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Со наведната глава поминува покрај клупите, покрај учителот.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Одев со наведната глава и со склопени очи.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Молчев со наведната глава и се чувствував како виновник - можеби нацртав лоша сенка. - Како папагал без крилја...
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Не можев да ја отцртам кога веќе ја нацртав, ни да ја избришам со гума кога не беше во мојата цртанка и мирна како другите мои цртежи.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Бев преморен и многу жеден.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Така остана со полусклопени очи и наведната глава како молитва.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Со биковски наведната глава се загледа во противникот потоа брзо и вешто се наведна, ги префрли рацете околу неговата половина и го дигна од земја.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Отпрвин изненадени, чавките првнуваат, а веќе следниот миг, тромо подрипнувајќи од нога на нога, се враќаат на истото место. на главата на Поетот се насади уште една чавка, поголема,ококорена, со разбушавена, наведната глава.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Молчев со наведната глава.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Помиреност и очај, како на онаа друга слика – на која беа Мајка и Дете, само што помиреноста сега беше полна ужас, помиреноста на Исус во мигот на издивнувањето, а мајката негова, застаната до крстот беше во очај, со склопени раце, со наведната глава, со поглед слеп за сѐ пред себе, освен за болката на душата, со очи кои како да се исушиле во вдлабнатините, а на нивното место останал само очајот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Ајде,“ рече брат ми, и јас тргнав по него, навалена на неговата рака, поткривнувајќи, вртејќи се наназад кон мајката и синот, кон нивната разделба.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Гледавме долго де во едната, де во другата слика, а потоа јас реков дека сите теолози и философи кои ги имав читано, а кои пишувале на таа тема, се сложуваат дека со појавата на христијанството, и идеите за спасот и воскресението, трагичното исчезнува.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Брат ми, иако одмавна со раката на моите зборови, не можеше да го премолчи своето противречење, и неколку минути подоцна, додека така чекоревме, рече: “Ти знаеш дека јас одамна напишав дека религиите се родени од потребите за утеха.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Помиреност и очај, како на онаа друга слика – на која беа Мајка и Дете, само што помиреноста сега беше полна ужас, помиреноста на Исус во мигот на издивнувањето, а мајката негова, застаната до крстот беше во очај, со склопени раце, со наведната глава, со поглед слеп за сѐ пред себе, освен за болката на душата, со очи кои како да се исушиле во вдлабнатините, а на нивното место останал само очајот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тргнавме по тесните улички и по мостчињата преку каналите; околу мене беше една од мечтите на мојот живот, Венеција, а јас гледав пред себе по патот, со наведната глава.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
- Веднаш потоа неколку слични или наполно исти гласови да ја повторат таа самоучка и во тој миг измислена молитва или трепетливо каење пред суровоста на искушенијата - Господи, не заборавај нѐ, - и часкум им се сторило дека врз нив паѓа млака светлост, чудотворен оклоп на нивните верувања.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Еднакви, со спуштени раце и наведнати глави, биле повеќе зафатени со себеси отколку со она што се случувало.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Останала да стои на првото предутрено застуденување со наведната глава, повеќе девојчински посрамена отколку со белег на каење.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Малку се колевме со бег и со бегови измеќари. Нѐ испосакатија негодниците, ни убија крстен човек.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Неговото лице како да ѝ вливало доверба.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Им стоевте да ве колат и да ви ја плискаат крвта, клечевте со наведнати глави пред погубниците?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Нажалена, со наведната глава излезе во училишниот двор.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Потоа нема да ви кажувам што сѐ ми се случуваше, како ја преживеав таа канонада од поуки и прекори, тоа понижување од најдолен вид, ако понижувањето може да се класифицира по видови, таа моја наведната глава и зачепена уста што не сторија ама баш ни најмала усилба да ме одбранат, да ја кажат вистината, или барем нејзината најблиска варијанта, да го објаснат оној мој недостиг од желба за постоење, оној мој кусок на нужна препотенција неопходна за живот.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
И понатаму ја фурате главната овдешна мудрост: „Наведната глава сабја не сече“.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Со наведната глава само прошепоти.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Некои подзастануваа, други со наведнати глави го врвеа патот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Напред пред борачите одеа тројца зурлаџии и еден тапанџија, (свиреа, корнеа зурлите, бувташе, уриваше тапанот) а по нив сета прилепска чаршија, сите пазарџии, меѓу кои и главите на сојовите од Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Лазор, зашто беше таков, гол и премачкан со шарлаган, нешто што беше и срамно понижувачко, со наведната глава, а Исо, за цела глава понизок од Лазора, но многу поплеќест и подебел, речиси гргулест, ги креваше рацете над глава, плескаше со нив, се вртеше во круг и извикуваше борбено.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Стрико Благоја ги испрати со поглед, им довикна да го побараат кога ќе се вратат пак на овој терен и полека, со наведната глава, појде назад.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
„Порано, Марко, беше власт“, ја собра попот басмата во поширокиот ракав на мантијата: се чудеше како може домаќинката да стои толку долго неподвижна и со наведната глава.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Стрико Благоја ги испрати со поглед, им довикна да го побараат кога ќе се вратат пак на овој терен и полека, со наведната глава, тргна назад.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Сеница во златен елек опивно пееше.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Стоеше исклештен, со наведната глава.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Чувствувајќи како дождот сѐ повеќе го натопува, се пренесе во времето кога ја погребуваа баба му Депа кога исто вака туриваше силен дожд, а тој одеше во погребната поворка фатен за раката од мајка му, дождот му плускаше по главата, по телото, му се лизгаше по кожата и му слегуваше низ нозете во опинците; погледнуваше повремено во баба му во ковчегот што го носеа луѓето на раце: и нејзиното лице дождот го миеше, се лизгаше по него како по восок и ги натопуваше цвеќињата и овошките во сандакот; лееше на попот и му ја гаснеше кадилницата со која штркаше по ковчегот и пееше за покој душа, лееше на луѓето што одеа со наведнати глави.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
70. САРОШ.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Дали наведнатата глава сабја не ја сече?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Јас никому не сум му донел добро досега.“ Се заврте и појде со наведната глава, ја остави со солзи во очите и сигурен дека поаѓа на долга пловидба, иди, девојко, вљубените не се никогаш себични. Тие се само жртви.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Само малку пред тоа... „Оставете нѐ сами“, му рече добродушното старче на Ивана и го извлече прстот од намотаниот свилен прстен на брадичето а тој, до грло во бело, ги извади рацете од џебовите на својот тесен мантил и излезе со наведната глава и нечујни чекори.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Беше многу мала, со наведната глава и подвиткани коленици под себе. „Не. Ќе ме убие ако дознае.“ „Кој тоа?“ и ја тргна косата од челото „Еден. Иван.“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Од наведнатата глава очите му висеа на конци.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Сепак си имал утре, коњу, бела душо, се растажи Отец Симеон и помина како и пред тоа со наведната глава.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Отиде и ја донесе прачката. После дуваше во врелите дланки а во очите на неговата наведната глава светкаше бел порцелан.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Таа само го остави лебот на масата, го префрли шалот на столицата, ги изми рацете и молкум седна да појадува со наведната глава.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Одеше несигурно, со наведната глава, придржувајќи си ја скршената рака.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Имам“, рече тој со наведната глава, небаре таа сега ќе го плесне. А не знаеше што значи тоа.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Сокриена сензуалност Рафинирана еруптивност Во звуците на една џез мелодија Се раѓа, умира и воскреснува Сака да направи пресврт Во животите на оние како нас Кои зачмаеле во монотонија Во меланхолија Во безидејност Во безцел Во бездејство Во безумие Во безбоштво Во бесмисленост Во безживотност Во бессознание Во бескрупулозност Секој во својата несовршеност Продолжува да верува дека Работи Создава Љуби Постои Зачекорен со наведната глава Не подзапирајќи ни за момент Да се запраша Да погледне Да спознае Една вистина Која не толку длабоко сокриена Искрено чека да ни погледне в очи 2008
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Престанав со плачењето, сите молчевме, секој гледаше пред себе со наведната глава, немавме смелост да се погледнеме во очи, никој немаше повеќе што да каже, сега сѐ беше кажано, сега сѐ беше готово.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
„Како си тато, се држиш ли?“ А ти со наведната глава седеше на столицата покрај компјутерот и одвај кажа збор, два - не можеше повеќе.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Таму ќе те седнеа на една столица со наведната глава.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Кога излегоа на патот и кога поворката тргна кон гробиштата, тоа напна на синџирот со сета сила и го скина; истрча и тргна по поворката; одеше зад луѓето со наведната глава.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Му ја поткрена наведнатата глава и му се заѕури во големите крвави очи – Кажувај, бре сине на ѓаволот? Сега пак те поткупија?
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Пелагија, со наведната глава, прва тргнува по колата, а зад неа Танаско и Друже Србине чиниш го туркаат воздухот од уличката лево и десно за полесно да чекори поворката.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Чудно ми беше што го сретнав и веднаш пак го испратив. (Се наведнува врз раката на Барбошин, кој исто така седи со наведната глава) Ме замоли да ги поздравам нашите заеднички познаници, но вие него, веројатно, не го познавате...
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Јасна продолжува да ме кара, а јас ја слушам со наведната глава и поглед фиксиран врз нејзините нови сандалки.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Со наведнати глави, посрамени стоеја заробените Германци.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Со наведнати глави, замислени, брзаа мажите во селското училиште.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Потоа, кроце, со наведната глава се врати дома.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
По еден миг подигна очи и, кодку што отвори уста Василопулос и се оџвари на грчки: - Дај го ваму торбичето!
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Сѐ е тука, - молбено рече Крстовица.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Ајде, ти, ти, ти со наведната глава, - покажа со прст кон мене.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Не грижете се. Јас ќе се погрижам таа да биде казнета и за пример и за страв.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Крстовица со наведната глава оди пред Кузе и, кога влегоа во канцеларијата на управникот командант на Прењес, таа застана до вратата и со уплав во очите гледа во чолакот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ми се приближи со наведната глава, во придружба на мажот ѝ, дебелиот управник на моите северни провинции.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Потоа ми кажува дека утре ќе му го извадат завојот и ќе си оди од болница.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Така шлапкајќи со влечките низ ходникот, првпат го здогледав Дејан како излегува од собата во која го донесоа онесвестен претходната вечер и без да го погледнам убаво, со наведната глава протрчав низ ходникот за да не ме види таква грозна.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Во првиот миг сакаше да се врати, ама се поколеба во намерата, забради црна шамија и со срцето стегнато во грутка, појде дома со наведната глава.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Со наведната глава грчевито го стегаше мевот. Цела ноќ излегуваше понадвор.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Па, таа мене ме вика внучко, а јас нејзе бабо, - тивко, и со наведната глава одговори тој.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Самата Богородица како да ги потргнува луѓето и ја остава Пелагија со наведната глава да клечи пред неа.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Таа со наведната глава продолжи да молчи.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Си заминаа сите тројца.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)