Патот не доведе само до милициската станица; еднокатна службена зградичка некогаш што била жолта, типска и типична за малите железнички и бројните жандармериски станици изградени во српско, со неколку надворешни скали и носач на знаме над фирмата, со соголен багремар наоколу и очукан џип во дворот без ограда.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Над аурот имаше едно одајче, сега целото во пајажини и од кое се излегуваше на едно чардаче виснато високо над реката, чардаче до коешто се качуваа надворешни скали и на чиишто други имаше дупка во душемето за понадвор.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)