Пред две години, во холот на новиот Народен театар изложија фотографии на некогашното Пајко маало.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
За Хармс и за „обериутите” тешко може да се зборува вон контекстот на руската литература: „обериутите” се последната авангардна група (по многу нешта блиска до европскиот дадаизам и надреализам) чие што „сфаќање на светот” стои на линијата што започнува со Козма Прутков, рускиот народен театар, Гогољ, а се продолжува на Хлебников, Кручоних, односно Туфанов, на сликарите Малевич, Филонов, Соколов, на заумникот и режисерот И. Терентјев и на многу други.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
- Во Македонскиот народен театар претставата на Љуша Ристиќ ќе може да се игра подолго затоа што се завршува кога Чак Норис ќе рече доста, а доста ќе рече откако ќе ги изнатепа сите што, според него, го прекршиле законот.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Тогаш, црквата се крена против сценскиот израз на Народниот театар од Струмица „Евангелие по Јуда“.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
На неодамнешната промоција на програмата на Скопскиот летен фестивал во фоајето на Македонскиот народен театар, познат македонски актер, се обиде на една средовечна директорка на библиотека да ѝ ја објасни специфичната позиција на актерите во уметничкиот свет.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
На 6 јануари 1945 во Скопје беше одржан Вториот конгрес на НОМСМ на кој присуствувале преку 1000 делегати.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Во наредните месеци ке се формираат и други културни институции (основан е Македонскиот народен театар (31.I.1945), Драмскиот театар (1946), Театарот на малцинставата, а театри биле формирани и во другите градови во Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Меѓу публиката се собираа повеќе видни личности, како на пример битолскиот сликар Мелников, познатата глумица Мирјана Будимировиќ од Белград, глумицата од народниот театар во Скопје Мери Потхраски во друштво на колешката Живка Срдановиќ и режисерот Јосиф Срдановиќ, госпоѓата Здравковиќ од друштвото на пријателите на уметноста „Јефимија“ од Скопје – специјално дојдена за тој настан, како и грчкиот, францускиот и турскиот конзул.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Точно меѓу Влашката црква и Македонскиот народен театар.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Бил директор на драмата при Македонскиот народен театар.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Бил директор на Радио Скопје, уредник на списанијата „Нов ден“ и „Современост“, главен и одговорен уредник на „Разгледи“, управник на Македонскиот народен театар.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)