народноослободителен (прид.) - војска (имн.)

Со Првото заседание на АСНОМ и неговите историски одлуки македонскиот јазик за прв пат станува признат и рамноправен јазик со другите јазици.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Со АСНОМ, Народноослободителната војска на Македонија стана регуларна македонска војска со свој Главен штаб под контрола на македонската држава.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Такви единици во почетокот на 1944 биле формирани во Костурско.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
По иницијатива на раководството на СНОФ и во согласност со КПГ била донесена одлука да се формираат и вооружени сили на СНОФ со ознака СОВ (Славјано-македонска народноослободителна војска).
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)