национален (прид.) - кауза (имн.)

Најниската точка до која што паднал хрватскиот интелектуалец, она интелектуално и морално дно што го досегна последниве години, е таа ролја на репрезентант на националната кауза, но секако дека тоа не е само хрватски проблем.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
И додека на неговата скромност, повлеченост и срамежливост им нема крај кога станува збор за секаде присутните секојдневни општествени неправди, за најтривијалното газење на човечки права кое се случува под неговиот нос, кое што тој ниту го гледа ниту го слуша, и во врска со што главно ништо не му паѓа на ум - во негово присуство непречено можете да ги газите сите закони на правната држава и сите норми на човечност, можете да му дадете слобода на најперверзното самоволие, смеете да пљачкосувате и разорувате, дури смеете и да убивате, ништо од сето тоа нема да ги помрдне неговите крукчиња - истото тоа тромаво, тивко и незабележливо општествено суштественце молскавично оживува ако го мобилизирате за националната кауза или, уште подобро, ако го поставите на маса околу која се одлучува за судбината на цели народи.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Иако се сопирам на овој факт, го правам тоа единствено за да забележам како типичен пример да се види како во решителните моменти виновниците не страдаат толку колку што страдаат невините кога се однесува за една, општа, национална кауза175.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
На исклучоците на другата страна, на мажите коишто отстапуваат од општествено најпожелната улога на херојски борец за националната кауза им преостанува само на јавна сцена улогата на заговорници на цивилно општество, односно на неговите вредности: човечките права, ненасилството, толеранцијата, еднаквоста на половите итн., значи дејствување на едно подрачје на кое кај нас во традиционална смисла може да се докаже сѐ само не машкоста, подрачје, имено, на оние интереси што хрватското мнозинство денес ги смета за сѐ уште бизарни, недостојни за вистински машки ангажман, па затоа подрачје препуштено на дезертерите од сите видови, слабаците, педерите, накратко на женскиот свет како таков.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)