Голем политички успех на народноослободителното движење во делот на Македонија под Грција претставувало формирањето на масовната политичка организација Славјаномакедонскиот народноослободителен фронт (СНОФ), кој работел врз македонска национална платформа.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Особено голем политички успех бил постигнат со формирањето на масовната политичка организација Славјаномакедонски народноослободителен фронт (СНОФ)323 кој работел врз македонска национална платформа, со решение на Македонското биро на КПГ за Леринско и Костурско, како и посебен партиски актив на Македонците во Леринско.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Тој изготвил национална платформа во која била потенцирана македонската национална самобитност а во нејзините документи бил офицаијализиран македонскиот јазик.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
ЕВРОПА И ПОЛОЖБАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ ПОД ГРЦИЈА, БУГАРИЈА И СРБИЈА МЕЃУ ДВЕТЕ СВЕТСКИ ВОЈНИ По 1918 од историската сцена биле симнати три империи: Австро-Унгарската, Руската и Османлиската и династиите: Хабзбурговската и Романови.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Истиот бил формиран со решение на Македонското биро на КПГ за Леринско и Костурско, и посебниот партиски актив на Македонците во Воденско.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)