национален (прид.) - слобода (имн.)

Исто така, тоа од друга страна давало надеж дека членовите на британските воени мисии во Македонија преку своите извештаи, освен на воената страна, ќе се осврнат и на политичката и ќе ја запознаат демократската јавност во светот со борбата на македонскиот народ за национална слобода и едновремено со желбата на македонскиот народ за обединување и создавање на своја државност и самостојност.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
За остварување на таквата идеја, беше потребно да се формира единствено раководно тело, кое ке биде одговорно за сите делови на поделената Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
КПГ и ЕАМ во текот на 1943 успеале да ги опфатат сите населени места во Грција и да го вклучат населението во ослободителната војна.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Тој претставуваше акт со кој се изразуваше националната слобода на македонскиот народ; државноста на македонскиот народ; акт со кој Македонија се вградува во федеративната заедница на југословенските народи, и на крај, акт концепиран врз основа на уставните определби зацртани во Уставот на ФНРЈ од 1 јануари 1946 година, кој Југославија ја третираше како сојузна држава од републикански облик и заедница на рамноправни народи и народности.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
И покрај тоа што повикот на КПГ бил недоволно јасен, сепак, кај Македонците влеал надеж дека по ослободувањето ќе може да се здобијат со национална слобода.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во таа борба активно се вклучи и македонскиот народ кој покрај борбата против окупаторите и монархијата се бореше и за национална слобода и формирање на сопствена македонска држава.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Од средината на август 1941 до крајот на декември 1942 год била оживотворена одлуката за вооружено востание во Вардарска Македонија, изразено со формирање на диверзантски групи и три партизански одреди: Скопски (август 1941), Прилепски и Кумановски (октомври 1941), со околу 100 борци.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Иако Македонија за прв пат доби држава, вековниот идеал на македонскиот народ за негово обединување не беше остварен.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Македонските борци и раководители на македонското националноослободително и револуционерно движење, биле принудени да бараат и изнаоѓаат нови патишта кои ке водат кон остварување на националната идеја за национална слобода, обединување и формирање на самостојна суверена и рамноправна државно правна единица во семејството на балканските држави.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Дури се гордеам што сум Македонец, син на еден измачен народ, кој преживеал толку вековни робства и пак не се поддал на непријателот, да го претопи, ами жилаво се држал и се борел за својата национална слобода.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Скорешното остварување на тие цели, според него, "ги обединува сите струи во политичкото мислење и сите класи во Македонија во партизанското движење".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Според него, голема улога играле националниот момент и доминацијата на стремежите за национална слобода и самостоен развиток.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во првиот план потентниот мажјак, во монументалната поза на херој на татковината, нагрнат само со пресветото национално знаме и накитен со сите знаци на со насилство изборената национална слобода и неприкосновена политичка моќ, а одзади, во полумракот, онаа што ги трие неговите крвави гаќи само повремено подигнувајќи го заљубениот поглед полн со восхит и бесконечна верност.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)