Нашето движење е дел од постмодерното движење, и во себе содржи две различни струи: киберпанкерите и хуманистите.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Секое наше движење, говорење, дејствување и дишење, го препознававме во она што не правеше да бидеме ние, за кое немавме рационално сознание и кога совршено се согласувавме и кога жестоко се спротивставувавме еден на друг.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Овој формално апсурден тек на сите наши креативни стремежи, очигледната апсурдност на сите наши движења, на необичен начин е отелотворена во компјутерот.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Во однос на преземената задача сметал дека пертизаните биле „премногу големи оптимисти“ бидејќи “локалните селани во поголем број се непријателски расположени кон партизаните“ и “за целото наше движење тие ја известуваа бугарската армија“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Ми беше јасно дека Луција не ме избрала мене за оној кој прв ќе има можност да го види раѓањето токму на тоа движење; јас знаев дека тоа движење на Луција не е и мое, и сакав ние да имаме само наше движење, и не сакав да учествувам во тоа, како што е природно љубовникот на една жена да не сака да ги носи пиџамите на нејзиниот претходен љубовник; ме излудуваше мислата дека таа дури сега ме допушта во себе, откако стекнала извесна предност во искуството со мене, откако го научила тоа движење и сега ете, ми го покажува, како што се покажува нов автомобил на некој кој нема никаков.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
„И што е најважно, нашево движење кон ова кино било чиста случајност, без некоја задна намера“ ме уверуваше Соња Пазарџиева.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
И така цел пат: не испушта ниедно наше движење.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Имајќи ја предвид неодамнешната забрана за наше движење, стана невозможно да се добијат повеќе информации во однос на комуникациите, индустриските објекти и др. со непосредна опсервација“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)