Зошто ли нашите дедовци и татковци не изградиле мост?“
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Та по неа се управува и самиот наш дедо поп Трајко, кој ете, утре ќе стане кај полноќ, ќе излезе надвор и ќе ги фрли очите право кон Српјановец да види дали е излезена Деницата.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Таа ја паметеше годината на неговото раѓање по некои настани во селото, а за татко ни датумите беа врзани за средбите со Борис Кривошеев, нашиот дедо.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Туѓата жена е жена само на домаќинот, туѓите сестри се и наши сестри.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Нашите дедовци наречувајќи се Бугари и не мислеле оти ние ќе правиме од тоа име капитал за да се најадеме, да се напиеме и да се облечеме со него.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Секој е господар на своето парче земја и на својот камен. Тоа е завет на нашите дедовци.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И по сето гореречено ќе се најдат мнозина што ќе речат: Можеби вистина е дека ако немало досега македонска словенска народност, таа може да биде создадена од времето, особено од сегашните историски околности; вистина е оти Македонците по својот јазик не можат со право да бидат наречени ни Бугари ни Срби, ами се нешто одделно, т.е. претставуваат одделна етнографска единка, но пак – како ние сега можеме да се викаме Македонци и да создаваме одделна македонска народност, кога ние, нашите татковци, нашите дедовци и предедовци сме се викале Бугари?
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Строг поглед и ситни сиви очи.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)