Зимата и заборавот се сретнале
некаде зад нашите допири
и кога се доселиле
немо, небаре љубовници
се разделиле.
... а толку сакав да ти го цртам
аголот на тој лелек
на цветот, меѓу луѓе залутан.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Притрчавме и сите го стиснавме радосно. Калчо офна од нашиот допир. ***
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)