наш (прид.) - ера (имн.)

Најстарите примери за конвенционална употреба на пишуваните симболи откриени се на глинени таблички во различни предели на Блискиот исток и југоисточна Европа и потекнуваат од периодот околу 3.500 години пред нашата ера.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Латинската форма Маргина 36 187 што се користела ширум Римското царство од I век на нашата ера познат е како рустична капитала (за разлика од квадратната капитала од римските натписи издлабени во камен).
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Пишувањето со минискула постепено се развивало и во Грција било во употреба до VII-VIII век на нашата ера.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Во општа употреба била околу IV век пред нашата ера и со време ги заменила унцијалното и полуунцијалното писмо и станала модел за ракописно писмо.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Унцијала Оваа форма писмо главно е користена во грчките и латинските манускрипти од IV до VIII век на нашата ера.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Тука е пренесена, во својот оригнал, парче по парче, една цела населба од 2 илјади години пред нашата ера.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Електронската машина „Рамак“ одговара на прашањата во врска со тоа што е најважно во секоја година, од четвртата година пред нашата ера до 1958.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Заедницата на научниците има постигнато согласност за постоење на триста семејства кои би започнале од почетокот на нашата ера...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тоа обединување на полето на сите сфери, од некаде ми беше познато, прочитав некаде една НОВИНА дека: уште пред нашата ера Македонската силна Династија, Кралството Македонија, предводена од Големиот Александар Македонски- чии цели и определби беа сосема исти: создавање на еден развиен свет, во кој секој би бил задоволен, би цветала трговијата, културата, изградбата, напредок со соединување – преку мешање на разните култури, но и да се сочуваат националните обележиа на народите во светот. Зарем тоа не била идеа на глобализација?
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Мислам дека: многу успешно бил постигнат и тој развој, змислите, пред нашата ера!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Само средиштето, централниот простор Македонија, тонеше во една црна дупка, како заборавена од развојот, иако знаеше да биде развиена уште во пред нашата ера, во ерата на македонското време.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Нашиот народ уште во првиот век од нашата ера го прими христијанството од Свети Донат и Свети Асти.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Она што следи е приказ на некои од правците на развој што можеме да ги забележиме со приближувањето на нашата ера кон сѐ-електронската иднина.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Низ неа проговоруваат и природата и оној долу во дамнината, некаде во четвртто ледено доба, над дваесет илјади години пред нашата ера, кога ги забележал своите пештерски цртежи, и оној, далеку во иднината што веќе го наслушува нашиот глас и, ене, се одгласува.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
А бе, од секого можеш по нешто да научиш, рекол Конфуције уште многу, многу години пред нашата ера.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Преломноста на изработката на формални работни модели не е во модерноста на откритието, па веќе од третиот милениум пред нашата ера имаме глинени таблички, на коишто се запишани знаци, што несомнено мораме да ги сметаме за модели на канализациските работи.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Откриените мермерни столбови и украсни садови од III и II век пред нашата ера укажуваат дека населбата била средиште и стратегиски значајна точка по долината на Брегалница.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Таа првин почнуваше со ѓаволестиот Касандар, кој го основал градот триста години пред нашата ера и му го дал името, според името на својата жена Тесалоники, сестра на Александар Велики.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)