наш (прид.) - одење (имн.)

Нина скокна: „Да речеме за нашето одење на Водно!“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Подоцна ја дознав причината.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Толку голема ми беше радоста, што не се сетив дури ни да ја прашам мајка ми зошто нашето одење во Париз беше врзано токму за среда и зошто таа тоа толку долго го повторуваше без да го промени денот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Вистина е дека нашето одење во црква се вртело околу двата главни христијански празника.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
И нашето одење по светот почнува со првиот чекор.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)