Татко ми, следен од Чанга, се искачуваше по дрвените басамаци што водеа до чардакот, а од дворот не стивнуваше нашата песна.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
10 „Máoz cur yeshuati “ – буквално: „Камен на вечноста”, песна што се пее за Ханука и гласи: „Камену на вечноста, нашата песна нека ја слави твојата спасителна моќ; Ти што, меѓу бесните непријатели, си нашата заштитничка кула”.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Ете, тоа беше есејот, напишан со многу младешка повреденост, поради Луција, со многу енергија и омраза кон оние кои сакаа да ми ја одземат Луција, да ми ја грабнат, да се постават меѓу нас двајцата, да бидат Хор во нашата Песна над песните.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Честопати, во примракот, си седевме на чардак и тивко-тивко, колку за наши уши и наслада, си пеевме наши песни.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
- Нас со кундаци нѐ тепаа само затоа што си пеевме наши песни, научени од бабите и мајките.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)