„Така е подобро“, гласно одобрува татко ти и гледа како фаќа синџир алкохолот во чашката на Иван Степанович.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Да не правиш како онаа наша поговорка: „Појди, дојди в Тетово, да ми мине летово...“
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Има една наша поговорка: „Секоја планина своја тежина“ — вие преку лето работате без почивка, а ние пак во Америка секогаш работиме по осум саати во денот, ама во тие осум саати што ќе ги работиш на фабрика, без сонце да те грее, без ветарче да те удри, за секунд да не можеш рацете да ги отпочинеш, умот тука! оти инаку машината ќе ти ги отсече рацете, имаме друга тежина.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Ела зло, без тебе полошо, вели нашата поговорка. Бели пари за црни дни...
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
И додека ги минувавме овие заснежени и замрзнати патишта, на ум ми идеше онаа наша поговорка - Пред Божиќ ... и си велев - нели ќе беше подобро да се седи дома, отколку да се талка по овие завеани европски патишта.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Мислам оти ова беше првата ако не и единствена наша поговорка што тој си ја прилагоди на своите потреби.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Арслан го погледна Сефедина, небарем ќе го праша што мисли тој по оваа работа.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)