Секогаш се бараме во некакви небиднини, несоници, во разни прегрешенија мудроста нѐ збудалува, милоста е дар кој најретко го даруваме, богатството на ближниот е наша потреба, и туѓото лицемерие е секогаш поголемо од нашето, а ние невини, насмеани пред сѐ ново и неразбирливо, измешано со надежта на новите намери, го мериме преостанатото време за воскресение.
„Записки“
од Милчо Мисоски
(2013)
Многу подобро ќе биде да им се довериме на најзаинтересираните држави за нашите работи, особено на православна Русија, којашто ги знае убаво нашите потреби, а не да се надеваме на самите себе и на некои конференции.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Тупотат со копитата Удираат во зборот, во пораката Ја заведуваат откопаната вода Во контраст со нашето благо Љубопитство, со нашата потреба Да прелетаме планини и полиња, Да се одмориме.
„Забранета книга“
од Веле Смилевски
(2011)
Љубовта е наша потреба, наше исполнување, веруваме во таа сила која полека не уништува, отров за нашиот ум, кој се шири и ги замрзнува сетилата и секоја наредна минута убавите чувства се претвараат во омраза.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Силата на ѓубрето ја сочинува нашата потреба од него.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Ние сега со брзина ќе треба да го разработиме нашиот литературен јазик, да го установиме нашиот правопис и да создадеме една наша литература што ќе им одговара на сите наши потреби.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Зар е тешко да се сака, зар тие што живеат за љубов од љубов да умрат.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)