Затоа треба добро да се размисли пред да се посака нешто – продолжи старецот. – Тоа е нашата природа, која ние сами не можеме да ја разбереме.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Можевме да одиме било каде бидејќи тоа беше во нашата природа.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Причината поради која е добро да му се одолее на запаѓањето во конвенционални начини на размислување за родот, начини какви што постојано промовира родовата идеологија на нашето општество, е што инаку ќе бидеме склони да прифаќаме, без соодветно да ги разгледаме, многу невистинити претстави за жените и за мажите кои би ги сметале за крајно неодржливи кога не би се совпаѓале со поларизираните концепти на родот што ги зајакнува родовото стереотипизирање претставувајќи ги како чист здрав разум.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Сосема се согласувам со Фелоус дека честопати во стереотипите има вистина – „Колку и да изгледаат ветво“, вели Фелоус, „геј-стереотипите се корисни за испитување на природите на геј-мажите “ (246) – но кога таквите стереотипи ги претвора во архетипови (х, 247) и во вистини за нашата природа, Фелоус премногу полага верба во клишеата, во општествените фантазии за мажественоста и за женственоста кои ни изгледаат очигледни и точни само затоа што се сообразни со распространетите, општоприфатени поимања на полот и на родот, поимања што излегуваат крајно некохерентни штом ќе ги разгледаме одблизу.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Кога страсната заинтересираност на некој маж за конзервација на историски предмети или за реставрација на дела од некој период се доживува како знак дека тој го има „психолошкиот карактер на жените“ (да се послужам со формулацијата на Едвард Карпентер), тогаш општествениот јазик на родот набрзина се преведува како природна стварност на полот.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Екстатичното обожавање на дивите од светот на операта или од светот на популарната музика можеби не е баш најбуч-работа, но тоа не значи дека е женствено – во смисла на тоа дека жените како група голтаат изведби на Марија Калас или на Џуди Гарланд во иста мера во која ги голта Руфус Вејнрајт или дека се јатат на опери како што се јатат околу тезгите со шминка или дека собираат спотови од Шер или од Мадона од страв да не ги сметаат за неженствени.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)