Ноќта ја минал кај наши роднини крај Езерото и, в мугри, како што им рекол на роднините, заминал за Цариград.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Не можеле да се потпишат на писмото бидејќи заминале на пат.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
„Мојот племјаник спомнува некои имиња. Божем наши роднини.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Еден наш роднина во градот порача кафе и кога виде дека нема кајмак, му се пожали на келнерот, а тој, пезевенкот, се врати во кујната и во филџанот плукна неколкупати.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Конечно Татко, испратен од здржаните солзи на татко му и обилните солзи на мајка му во пролетта 1919 година заминува, според сите претпоставки, најпрвин во Солун, а потоа со брод кон Измир, каде што го пречекале наши роднини.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Ни на дојденците, биле тие наши роднини или намерници, не им даваме да пеат и да се вртат на оро.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ни гајда ни грло се има кај нас за песна - пред три години ни заклаа неколку момчиња. Тагуваме и си го носиме крстот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Патот од центарот на Лерин до периферијата, каде што живеат нашите роднини, тогаш минуваше покрај една трафика со разно-разни дребулии.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)