наш (прид.) - тетка (имн.)

Историјата на заминувањата и враќањето би била непотполна ако не се раскаже и таа на една од татковите сестри, нашата тетка која подоцна ни се придружи во Скопје.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Сестрата на мајка ми, нашата тетка, остана со нас неколку дена, но, мораше да си оди, бидејќи живееше во друг град.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Но кога заврши идилата на албанско-советското братство и нашата родна земја му остана повер­на на Сталин отколку неговата земја, исчезна засекогаш и гласот на нашата тетка од радио-брановите на Тирана.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Каков е тој „ксмет“ и како не можеше да ме разбере таа наша тетка, што донекаде не исчувала, не сфаќав.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Ние, нашето семејство и семејството на нашето семејство, нашето училиште, нашата црква, нашиот град и нашата земја, нашата телевизија и филџанот за кафе и уметничката комода, и нашата тетка Џеси, се реални: и тоа е тоа; можеме да си веруваме едни на други: и имаме исполнет живот.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)