Описот на секојдневното однесување на нашиот херој ќе го надополниме со една специфичност која веројатно на многумина не им паднала в очи или ја избегнала нивната љубопитност: од вратот па угоре за Поетот (или во негово име) владее посебната поетска висока сфера, таканаречениот простор на имагинацијата и на ослободените намери од секаков вид туторства.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
На централно место се поставени цитати од познатиот историчар од Скадар Марин Барлети: „Ватикан го остави во кал нашиот херој Скендербеј, кога ја бранеше земјата од турската инвазија!“
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)