Длабочината на полето што го претставува нашето чувство за минатото не е само лингвистичка функција, тоа е на некој суштински начин претставено во книгите и во физичката акумулација на книги во библиотечните простори.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Ако зборуваме за телото се сомневам дека Источна Европа е релевантна рамка во којашто е можно да се бара алтернатива за западната традиција на однос кон телото.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Мислам дека поинакви рамки можно е да се бараат само вон христијанската традиција која го фиксирала нашето чувство на тело, потаму на исток и во традиционалните општества воопшто коишто развиле побогата традиција на телесни техники.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Ќе бидеме настрани засекогаш.
Геј-децата сѐ уште растат, главно, во хетеросексуални семејства и во хетеронормативна култура.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Тоа нема да се смени во некоја голема мера.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
А дури и децата што не растат во стрејт-семејства, сепак, се изложени, во огромна мера, на хетеросексуалните културни облици.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Хетеросексуалната култура и понатаму е првата култура што ја доживуваме, а нашите субјективитети, нашите начини на чувствување и изразување, нашето чувство на различност мораат да се вообличуваат во контекстот и во рамката на хетеросексуалната култура.
Геј-мажите, како што напишал Сартр пред шеесет години, истовремено се служат со два различни референтни система.474 Тоа е така поради типичната општествена положба од која потекнува машкиот геј-субјективитет и во која машките геј-културни практики си го добиваат првобитниот облик: положбата во која растеш и те одгледуваат родители хетеросексуалци во нормативно и поимски, ако не и стварно, хетеросексуална средина.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Нас на субјективитет нѐ тера барањето да бидеме неавтентични.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Секако, зборот изненадување е само кратенка за нашето чувство кога ќе откриеме дека нашите слики за реалноста отстапуваат од самата реалност.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)