наш (прид.) - ѕвонар (имн.)

Нашиот ѕвонар прекрасно знаеше да си ја чува карактеристиката.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Тоа што векови ги мачело умните, длабоки луѓе, самосвеста, човечноста, една таква дисциплина, нашиот ѕвонар успеа да го постигне во текот на една година.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Однекаде се најде и цвеќе, дојдоа и другарите, референтот за спорт и култура другарот Дервутоски, референтот за општи работи другарот Вецески, другарот Елимоски, другарот Лажоски, направивме еден митинг во чест на другарот Анески, нашиот Ѕвонар. Проклет да бидам, митинг.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Нашиот ѕвонар, другарот Анески, еден од некогашните членови на оваа куќа, во свои часови мошне живо си спомнуваше за сето тоа и што беше најчудно секогаш сам почнуваше да раскажува, без некој поголем повод ќе рече: - Луди како луди, ненормални, - велеше, - дај им малку боја и забораваа на сѐ, со денови забораваа и за јадење и за спиење.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)