Ах, мајче, клопчето е малечко и конецот се ниже како судбата наша вчера и денес.... отпуштај конец... оддиплувај ги пожолтените листови на споменот и место молитви и блазосувања, проколнувај...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Како одблесок се нижат деновите и ние се враќаме со мислите на боиштата, во туѓината, се враќаме во тоа наше постоење таму и тука, во нашето вчера и денес и не поткачува прашањето – а утре чија слика ќе се појави во весниците и чие име ќе го слушнеш во телефонската слушалка?...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
- Не, јас си ги претпочитам нашите, домашните, обичаи од дедо прадедо што си ги славиме, што ни се наше вчера и дамнина, што се наш белег и не прават подруги од другите - со роднини и пријатели, со слатко и водичка, со винце, мезе, печено и варено, седнати околу софрата, со песна народска да славиме, да се веселиме и на вигната, сред село, оро широко да виеме...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)