Ни збор за Димостена, ни за Доне, а за Танаско и Танаскоица дека се добри и единствени со кои може лаф да скрши, дека дедо Костадин што го оставивте во вагонот го сместивме на најубавото место на највисокото во рамната земја од каде ги вардел сите нив. И повеќе ништо за него.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Да видам како нашите градежници ја градат 46-катната зграда, највисоката во Западна Германија, со нејзините 162 метри, како што ми објаснуваше инженерот Андреја Саздов, раководител на „Бетон“ во Франкфурт.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Затоа и трите букови стебла биле највисоки во шумата на која никој немал тапија, ни везир ни валија.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Секој од нив имал свое стебло под чии длабоки корења издлабил легло врз црна, од распаднато месо мека земја.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Во селото почнало да се шушка за него Бербер, ако него не го полази вошка, кого другого! зашто не можело да се скрие дека веднаш почнал да крева куќа на три ката, највисока во селото.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)