најголем (прид.) - богатство (имн.)

- А тоа што велиш дека не сум донесол пари, јас сум задоволен што видов сè и тоа ми е најголемо богатство.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Кога пак го оставила грнето со ракија, сенката го прерипала заспаниот Карамба-Барамба и излегла од колибата.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
А ти, не барај повеќе и не ′ули на Бога! Најголемото богатство ти се овие двајца ангели што оптрчуваат околу тебе и со својот џагор ја убиваат тишината, - се сеќаваше Јана на тие зборови и беше сигурна дека ќе се израдуваат на нејзиното доаѓање.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Зарем подоцна не се роди вечната парола дека човекот е најголемото богатство на социјализмот?
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Беше време кога се зборуваше на сите страни за крајот на книгата пред напливот на новите електронски медиуми.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Во тие времиња кај нас постојано се цитираше една Титова изрека дека човекот е наше најголемо богатство и дека, тој е во средиштето на егзистенцијата. Времиња, обичаи...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Таа ме изненадуваше постојано со своите писма: час ми пишуваше за некој збор од книгите, за некој настан од Македонија, поврзан со мојот живот и моето семејство во контекстот на актуелноста, час зафаќаше големи прашања од егзистенцијата, поттикната од читањето.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Сиромавиот Карамба-Барамба ја молеше сенката да му се врати, ѝ ветуваше банани и урми, дури и празни конзервени кутии што овде се сметаше за најголемо богатство.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)