- А кога се случи да го одредиш другарот Ѓурчин за можен татко?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Во замолчаноста што настапи по мојата исповед иследникот вниматело ми се обрати: - Но твоето уверување дека Даскалов ти е татко по се изгледа не траеше долго?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
- Не! Помислата беше и премногу примамлива за да биде вистинита - реков.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Во миговите кога ја минував линијата на границата, меѓу двете држави, но кои делеа и ист народ, имав чувство дека, дефинитивно, останувам посиромашен за најголемата илузија со која Татко а, подоцна, и Мајка, живееја до нивното заминување.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Не бев спремен да го признаам дури ни тоа дека Даскалов од повеќе причини беше првата а можеби и најголема илузија во однос на татковството што толку често ги преплавуваше моите размисли.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Тоа јасно ѝ кажуваше дека Татко, конечно, ја напушта најголемата илузија на својот живот - да ги следиме јагулите, на нивниот пат кон Америка.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Па однеси ме па однеси ме велам ти детство однеси ме ти песно старост вечна и незаборавна ти најголема илузијо без метафора прозору неспретно отворен грубо длабок за сите бои на вечноста Однеси ме низ овој дожд ти врвицо за да ме вратиш блага во овој пристан мал во ова нежно седло на сонот
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)