- Тоа беше чудна желба, од која ужасно се плашев, а многу ме привлекуваше, - рече таа.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Негов најголем предизвик беше да ме победи, да владее со мене.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Мајка ми ми раскажуваше за разни случки од нејзиното детство, ми опишуваше како изгледала на таа, моја возраст, какво дете била, „занесено”, како твојата Мила, многу слична на неа, така ми објаснуваше, ми раскажуваше за игрите на улица, и за нејзиниот најголем предизвик што често ја измачувал ноќе пред заспивање: на полноќ да го изоди шеталиштето во Градскиот парк од едниот крај до другиот, сама, и да се врати назад, дома.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Обожувам мистерии. Ми претставуваат најголем предизвик.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Затоа Хана Арент постави најголем предизвик пред толкувачите на Шоах кога го опиша Ајхман како „нормална“ личност.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Сите книги како да беа останати со недооткриени значења во функција на неговиот незавршен ракопис за Историјата на Балканот низ падовите на империите, најголемиот предизвик да трагам по неговото време и неостварените илузии.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
За мене најголем предизвик беше проблемот како да се создадат такви просторни односи, во било кој момент пациентот да не мора да се соочува со преголем број на непознати лица.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)