Првин го пленија татковите свети книги и особено старите курани, со синикаво розовите минијатури, препишувани на рака, наредени на најгорниот рафт, Библијата, Куранот, Талмудот со Кабалата, а потоа разните метафизички трактати, сведоштва за језуитските редови, за јаничарите...
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
И Мајка си имаше еден свој дел меѓу Татковите книги од најгорниот рафт, на средишниот ѕид на библиотеката, каде што беа поместени светите книги: Куранот, Библијата и Талмудот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)