Но, ни во најлош сон, ова што се случи не можев да го видам...
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Оттогаш поминаа многу векови, најпосле излеговме и од домот, доживеавме и посреќни и погорчливи часови, но тие неколку неразбирливи мигови, во моето младо и неопитно срце засекогаш останаа како најлош сон.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Туку него, откако како лимон го исцедија во истражниот затвор и му изнудија такви признанија за кои ни во најлош сон не си замислувал дека ги заслужил, едноставно - а што значи без секаква пресуда - го префрлија во статуционарниот и институционален затвор на периферијата од градот.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Ја ти, помошник, ти шо сони?
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
И, кој ќе соне најлош сон тај да го изеде зелникот.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
- Шо сони, бе ти, Итер Пејо?
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)