Болката во непцето од кое му биле истерани забите со удар на беговски кундак го раздразнувала и се враќала при најмал допир, и тој ја пуштил, се обидел да ја тргне главата од нејзиното рамо и веќе не знаел ја прегрнува ли или ја бута од себе; нејзините раце, како таа да барала заштита во паѓањето, останале склопени во топла алка околу неговиот врат додека топлината на женското движење му го заплиснувала издолженото лице.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Доаѓањето негово кај неа, таа го чекаше нестрпливо, помагајќи да му ги слечи работничките алишта истркани со малтер под кои се откриваше неговото јадро, мажествено тело, од кое и при најмал допир таа се возбудуваше силно, како типката од клавирот што при најмал допир се возбудува и испушта звук што долго трепери.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Идилата, нивната љубовна идила, како да беше совршена глуварка, што се распрснала при најмал допир со надворешниот воздух.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Но се мамев, горко се мамев, сè беше горко заплеткано во големата пајажина, најмалиот допир отстрана го задвижуваше целиот проклет систем пајажина.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Мене. Во него бев како некој дотраен заб, веќе со боја на трат, расклатен но што сè уште се држи на некое коренче што и при најмал допир затрештува од лути болки во својот очај дека е за тоа последното лико на кое животот на последниот заб се држи.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Се сопнал а можеби и сакал така да се случи, не знаел (најпосле тој трик можел да го научи во лесновската шума од неуморниот заведувач Арсо Арнаутче), паднал повлекувајќи ја и девојката со себе.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)