Не постоеше ни најмала можност да го избегнам, зашто ме виде пред јас да го забележам.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
Како што потенцира Лозановски, кај битолската топ- лификација, иако само како основач се јавува „Топлификација“ АД – Скопје, истата се поставува и како централен раководен ор- ган кој потполно учествува во раководењето со битолската топлификација.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Тамошните афекти не му се особени на поединецот: тие се колективни и генерички.
На пример, исказот дека „прекумерната сентименталност што била задолжителната состојба на чувствата не дозволувала никаков вистински објект“ не упатува на некоја типична или особена или својствена идентификациска одлика на машкиот геј-субјективитет сам по себе, туку на особените ефекти што врз душевниот живот на машкиот геј-субјект од времето на Студената војна ги имала неговата задолжителна припадност кон општество кое и најмалата можност за истополова желба или за родово дисидентство ја правело незамислива и непоимлива, а да не зборуваме за можноста да се постапува според неа или да се претвори во истакнат, јавен дел од секојдневното живеење.
Слично така, бидејќи бродвејскиот мјузикл цутел во историски миг кога не можело да се дозволи ништо што било карактеристично геј да стапне во доменот на масовното јавно претставување и бидејќи геј-мажите што го создале можеле да го сторат тоа само ако снаодливо систематски и апсолутно го исклучат сопствениот сексуален идентитет од видокругот во него, протогеј-одговорот на конкретното гејство на бродвејскиот мјузикл нужно подразбирал свест дека машкиот геј-идентитет е систематски и апсолутно исклучен од секаква отворена препознатливост во самиот мјузикл.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Потоа имаше слушано дека, ако им се даваат на кучињата умрени овци и јагниња, самите ќе почнат да ги дават овците, па Бојан, иако не веруваше дека тоа може да се случи и со неговите кучиња, не сакаше да им даде и најмала можност да направат такво нешто.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Раководителите во Битола се само марионети кои ги спроведуваат веќе изготвените одлуки од Скопје, без притоа да имаат и најмала можност за донесување сопствени одлуки.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)