најмал (прид.) - нога (имн.)

Со текот на времето, си мислеше рабинот во затворската ќелија, неговата личност се изгради со знање, стекна интелигенција и изразита рационалност, опит, па и мудрост, но не се зацврсти со силата на волјата.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Нам општествените премрежиња на самото наше постоење ни налагаат да играме улога што подразбира лажирање на сопствениот субјективитет. ‌Тие општествени услови имаат голема објаснителна моќ за појавите што ги проучувавме тука.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Од најмали нозе, од многумина од нас се бара да се однесуваме на начини што се неусогласени со начинот на кој чувствуваме и со начинот на кој инстинктивно реагираме на воспоставениот општествен поредок.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Хетеросексуалната култура и понатаму е првата култура што ја доживуваме, а нашите субјективитети, нашите начини на чувствување и изразување, нашето чувство на различност мораат да се вообличуваат во контекстот и во рамката на хетеросексуалната култура. ‌Геј-мажите, како што напишал Сартр пред шеесет години, истовремено се служат со два различни референтни система.474 Тоа е така поради типичната општествена положба од која потекнува машкиот геј-субјективитет и во која машките геј-културни практики си го добиваат првобитниот облик: положбата во која растеш и те одгледуваат родители хетеросексуалци во нормативно и поимски, ако не и стварно, хетеросексуална средина.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А дури и децата што не растат во стрејт-семејства, сепак, се изложени, во огромна мера, на хетеросексуалните културни облици.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Така нè учеше животот со неа, уште од најмали нозе.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тоа нема да се смени во некоја голема мера.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Поради стравот, поради огромниот страв што во него беше населен уште од најмали нозе.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)