Макар да беше есен, најубаво време за чалгаџиите, кога се правеа најмногу свадби, оваа година тие долго се топеа без работа, поради жалта што беше наредена од власта за отепаниот крал Александар.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Водата стигна во најубавото време, кога беше жешко лето, кога устата бара да се олади, а снагата да се искапи.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
„Сметката ми беше погрешна“, рече Марин, „тргнав од Дубровник по најубаво време, и здрав, но прибирањето на восокот ме задржа.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
А сепак тоа беше моето најубаво време.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Најубавото време го поминавме црно. Црно јас, а уште поцрно Антица!
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Не беше баш најубаво времето. Сепак тргнав.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Само мил лик пред мене гледам што ме чува од раѓање до денес и мала душа која јас ја одгледувам моја роза нежна, пејзаж дополнува, расне без бреме, додека трпеливо чекам, во ова најубаво време.
„Портокалова“
од Оливера Доцевска
(2013)
Сонцето заоѓа на запад, најубаво време е сега, кога денот заспива, а мислата во мене е само овој самрак и вечер.
„Портокалова“
од Оливера Доцевска
(2013)
За мајка ми, пак, тоа беше среќно враќање на татко ми од книгите во животот, а за нас децата завршуваше најубавото време на светот, времето на козите...
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Кога големите војни и стратегиите на нивните творци не ги беа скарале судбински, не им ја наложиле братоубиствената војна, како во други делови на Балканот, не ги победиле, немаше причини и во ова време на козите да не бидат уште поблиску помеѓу себе, да се почитуваат, да си сочувствуваат заедно при умирачките, да се радуваат на новите животи, да се мешаат меѓу себе, да ги слават заедно свршувачките и сите верски празници, да веруваат сите во времето на козите, во најубавото време на земјата.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Макар што дејствието на романот е ситуирано во бизарното „време на козите“, раскажувачот од големите автобиографски залихи на искуства истакнува дека тоа раздобје претставува слика на изгубениот „детски рај” и „крај на најубавото време на светот”, со чиј лирски и критички опис се обидел да му ја придружи на пишувањето "историјата на вистината” на еден облик на тоталитаризмот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Во градот настапуваше времето на козите, најубавото време во нашите животи.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Тој ги спроведуваше плановите на Дуче. – Но тој беше споредната личност, во нашето најубаво заедничко годишно време, најубавото време на мојот живот, на моја италијанска пролет... – Тие сакаа да нè проголтаат.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)