Таа требаше без ропот да ја прими разделбата во најубавите денови на својата младост, токму кога го почувствува животот, кој цутеше во прегратките на љубениот човек.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Целиот септември, најубавите денови, и еве сега почетокот на октомври, минуваат во знакот на тоа неспокојство, на тој немир, и во отсуство на било какво седнување зад машината за пишување.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Следниот ден станува најубавиот ден во нивниот живот: прекрасен светол, сончев мајски ден, во кој тие се забавуваат на панаѓурот, се шетаат низ расцутената природа, се смеат, танцуваат, пеат.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Само уште да напоменам: тоа изгледа беше најбогатиот и најубав ден за мене, по оној, кога се случи моето доаѓање на Сина Скала.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Се разбира тука е и оној најважен ден, да не го заборавиме, во кој за првпат го слушнав плачот на син ми.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Еден од најубавите денови што ги имам поминато кај него.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Но, не можам да го препознам оној свет во кој ги живеев најубавите денови од мојот живот.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
И весниците, во тоа време, истото го пишуваа, уште пред да започне изградбата.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Неделата би најубав ден Зашто тој ден Бог си починуваше и гледаше Народот како се крие зад стеблата Плашејќи се казна да не го снајде нова И да не заврни пепел од пеколот и снегот да не се стопи Та нов потоп да го снајде.
„Камена“
од Анте Поповски
(1972)
И беше среќен, како во своите најубави денови од младоста.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)