Ни нареди да ти ги пренесеме неговите најубави желби, додаде оној, поснискион, и излезе од мракот.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Уште еднаш најубави желби за оваа Нова година. Елен Лејбовиц
Р.С.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Со моите најубави желби
Луан Старова
XVII
Елен Лејбовиц на чудесен начин не само што навлегуваше во мојата балканска сага, туку таа ја прошируваше смислата на нејзиното постоење, нејзиниот хоризонт на ширење.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
„На мојот драг учител најубави желби во новата илјада деветстотини шеесет и прва година! Никола Рилков, судија, Скопје, улица Страшо Пинџур бр. 21.“
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
И така, со најубави желби и полна готовност да му помогне, старецот го испрати својот долгогодишен слуга, а Петко го напушти овој свој дом не без тага на душата и болно чувство што ќе се оддели од својот питачки стап, но сепак задоволен од тоа, дека ќе може подоцна, како поп да му отслужи и литургија на неговиот свети Илија, како што му собираше осумнаесет години разни подароци од селата.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
И така се разделија двете другачки и денеска ко секој ден, со најубави желби за децата и куќите.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Во својата душа дедо Димо искрено ја држеше страната на Дуковци, цврсто се радуваше на нивната тврдоглавост, па кога утрово ги виде како жнеат, она негово „Да ви се позлати српот“ беше најубава желба што еден селанец може да му ја упати на друг.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Би рекол дека тие се најчисти, најубави желби, како што е чисто и детството.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)