Негово е она согледување дека едноличноста на грдото ги зазема најубавите места во нашите спомени иако не сум спремен да ги прифатам начините што тој ги предлага за да се надвладеат ваквите состојби.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Навистина, во минатото луѓето занаеле каде да градат манастири, на најубави места, каде што мајката природа навистина била дарежлива.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Ни збор за Димостена, ни за Доне, а за Танаско и Танаскоица дека се добри и единствени со кои може лаф да скрши, дека дедо Костадин што го оставивте во вагонот го сместивме на најубавото место на највисокото во рамната земја од каде ги вардел сите нив. И повеќе ништо за него.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)