Ноќта, искачен на највисокото ребро на чатијата Мајсторот запеја и низ песната се мачеше Да ја дофати најубавата ѕвезда врз него, За потоа, кога ќе се врати дома, Да ја скрие меѓу навезаните цвеќенца на веленцето Со кое го покрива внучето За да му трепка врз неговиот сладок сон.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Ако ме заборавиш Вечерва месечината е со чудна боја... а нејзината сенка ѕирка низ мојот прозорец... се обидувам некако да ја допрам. чинам ако ја допрам ќе сум блиску до тебе... зошто толку си ми далеку, колку ѕвездите .... како една најубава ѕвезда која ме мами...
„Разминувања“
од Виолета Петровска Периќ
(2013)
- Еве ти ги најубавите ѕвезди од небото! - рече Бојан, сиот заздишан, кога се сретна во едно вкрстување со Елена.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)