Најпосле Махмут II на 16 јуни 1808 година, по невиден масакр на јаничарите во Цариград ѝ ставил крај на оваа единствена воена формација на човештвото...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Позлатените кори на баклавата блескаа од зраци сонце кои се прикрадоа до тепсијата среде масата.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
И напротив, ако некој се обиде, еден ден, да напише роман за овој невиден масакр на кравите кои биле хранети со брашно направено од сомелените мрши на нивни сроднички, јас посебно се сомневам дека овој настан би можел да поттикне некого да пишува за нешто друго освен за ужас и тегобност.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Веќе илјада години, од генерација на генерација, на Медитеранот се практикува ловот на туни со матанѕа, обично кон крајот на пролетта (во мај) и во лето (во јули), кога небото е светло сино, морето мирно, водите проѕирни и особено кога не се заканува ветер.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Требаше да се види, да се доживее одблизу таа митска матанѕа, тој невиден масакр врз џиновските туни па да се суди за расчекорот меѓу човековата незгасната деструктивна инстинктивна анималност и природата...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Уште рано во пролетта (обично во почетокот на март) се поставува мадрагата (од провансалскиот збор madrago), систем од мрежи на неколку ката во вид на стапица, која како далјаните при ловот на јагулите, ги води рибите во безизлезниот лавиринт, во комората на смртта каде што потем се одвива крвожедната матанѕа... невидениот масакр на јатото туни...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Но во поимот матанѕа, кој го изразуваше колективниот транс на педесетината рибари, кои ги убиваа намамените туни во нивниот миграционен циклус, при минувањето крај тунискиот брег, по атланската и медитеранската одисеја, на пат кон Сиритскиот залив на либискиот брег, за да го означат процесот на обновата во природата, се криеше инстинктивната понесеност на човекот да владее над природата, да ја наложува својата лажна супериорност.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во негово време, пред очите на неговите војници ќе се одвива невидениот масакр во палестинските логори во Сабра и Шатила.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Генералот Ариел Шарон, смртниот непријател на Јасер Арафат, стапи на сцена.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)