Оној, неодгатлив а пресретнат од сите, недопирлив за рацете, за очите невидлив поминува низ нас а не знаеме кога и каде за да го видиме утредента на божја служба во света Софија, во малтерот закопан, со ореол на Светец; Оној, кој некогаш во мрачните ноќи на Венценосецот до него стоел, или чекорел пред него како штотуку изречена реч што не се враќа повеќе туку само се јавува и гасне како светулката, како пламенот, што ја знае ноќната патека па оди пред тебе, ти го осветлува патот, те поткрепува, те насрчува, те води кон маѓосното утро.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)