35 Луција веќе беше девојка за мажење, пред три години вулканот на нејзината утроба ја исфрли првата плима темноцрвена и врела кал, а нејзиниот татко упорно ги одбиваше стројниците, барајќи да изведуваат невозможни подвизи какви што има во соновите и старите бајки.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Тоа беше сосема безбедна територија, еден вид антрополошки азил за сите оние кои имаа судир со светот, и кои поради тој судир решија да направат невозможни подвизи: да стојат на скали потпрени на ништо, да возат бицикл по ортома на дваесет метри височина, да прават фигури од три тела на трапез предвиден за еден, и слично.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)