негов (прид.) - втор (бр.)

Ова беше негово второ враќање од Европа на Балканот, по првото, кога се враќаше од Париз со својата диплома на здобиен државен докторат на Сорбона и со ореолот на доброволен учесник во интернационалните бригади кои се бореа на страната на републиканските сили против фашистичкиот режим на Франко.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Повод за неговата втора посета во Македонија била и промоцијата на неговите четири романи преведени на македонски јазик: Мојот американски аџилак (второ издание); Орелот и штркот; Мара; Лавот од Јанина.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
- Тоа што ќе купиш – рече Лета и продолжи да зборува.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Ти, Мали, знаеш уста да затвориш? – конечно се разбуди Јане и ја подаде главата низ врата. – Што има за јадење? – беше неговото второ прашање.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ведран ме поттикна да буричкам по длабоката темнината на соништата уште при неговото второ доаѓање.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тоа поттикнување се случи оној ден кога без да се разбуди спиеше над дванаесет часови.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тогаш го слушав шепотот од неговиот сон што ми ја подари големата тајна.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
За ова прво претставување на Селин на македонски одбравме делови од неговиот втор најславен роман, Смрт на кредит.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Тоа се наоѓа во барањето по сезнајноста и семоќноста на фор­мал­ното мислење, што во 20. век, а посебно во неговата втора половина, изведе пресврт.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Подоцна, многу подоцна, се чуло во Кукулино од некои кираџии дека се вратил оддалеку маж ѝ на Фиданка Кукникова и исекол поголема гранка од дуњата во дворот, ја исчистил од кора и ѝ ја измерил тежината со десната рака, бил висок, со светла коса и имал во торбите и дисагите што ги донел на маска секакво богатство; веднаш, со првата ноќ на неговиот втор живот во Лесново, ги спобркал сенките што се грчеле со машки воздишки околу неговата куќа сѐ додека не натерал тројца никаквеци да се напикаат во манастирот па тој таму без збор ја дигал и ја спуштал ластегарката поттикнуван од цел куп жени што дошле да ги собираат своите парталковци и да ги лекуваат дома од модрици и навреденост со толчен печен кромид во зејтин, потоа, по три или четири месеци, кога можело да се види дека прочуената убавица затруднела, попот знаел дека ќе остане без нова кошула, без нови чорапи и без куќа иако Доце Срменков му рекол дека ќе му купи нови опинци и, повторно облекувајќи ја везената кошула, отишол во некое штипско село по осамена вдовица со момченце од три години и со покуќнина што можела да се натовари на два магарешки коша, така било, селото се наполнило со доенчиња до првата протока на ракиските казани во сувите дни кога младите татковци се насмевнувале со модри усни кон Фиданкиниот маж од чија ластегарка сѐ уште накуцувал ситноглавиот Гавруш Пребонд но тој и порано со есенските 'рѓи чекорел под тешката облека со една здрвена нога од настинка и веќе се пеело, законите на Лесново или биле измислени заради дојденците или се заборавиле, и се кршел каменот по пештерите, впрочем и можело - на небото потрепетувале многу повеќе ѕвезди отколку што ги паметеле луѓето во тоа кратовско село.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Човекот- ѕвер бил поитар од животните. Еднаш, ноќе, влечен од алчност, зад гробиштата на селото тој убил свое чукаре и веднаш ја нурнал муцката во пресните дробови на добичето, на тој црн ангел за утрешни ораници.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Локал, кинел со заби, збивал и не слушал дека неговиот втор син (првиот го барал одметникот татко по планинската непроодност) нечујно му се доближувал од зад грб.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Таа ноќ била последна страница на историјата во Лесново, секако за дружината но не и за пештерците и за нивните жени.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Максимилијан Мертен помислува, дали тоа Мајснер, неговото второ јас, сега одново го сонува него.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Квалитетните подготовки беа негови, негови беа решенијата и продуктивните полнења на воената каса.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тој нема да го доживее враќањето на ластовиците во Рамалах, во неговата втора Картагина во урнатини.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Крајот на есента во 2004 година го означуваше и крајот на животот на Арафат.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Значи тоа попе беше неговиот втор белег.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)