негов (прид.) - им (зам.)

Богатството го делеше со сите! Тој имаше големо срце, несебичноста негова им дозволи на сите да уживаат во богатство заедно со него!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Иако со мака се пробиваа низ снегот, иако денот беше мачен за погреб, не сакаа да го остават Богдана подолго време незакопан; а смртта негова им даде можност, како што беше обичај, да се соберат сите од селото (зашто одамна немаше погреб) да се видат, да поразговараат за работи што обично на погреб се разговараат, да попеат по некоја тажаленка и за умрениот и за своите мили што им умреле, да се ослободат малку од секојдневните работи и грижи, да си подречат нешто крај ковчегот од мртовецот: за минливоста и ништожноста на животот, за јалан дуња, за лакомијата што останала меѓу луѓето, да се мачат да двојат од уста за да создадат нешто, а од сето тоа на крајот останува само два метра земја и црви; да го испретурат животот на умрениот, неговите маки и радости, желби остварени и неостварени, добрините и лошините негови, среќите и несреќите што ги имал, и сè друго што му врвело преку главата; да поткаснат задушница, да запалат свеќа и на гробовите од своите умрени, да им ги избришат сликите на крстовите и да им ги бацат, да си ја освежат болката.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)