Петтото место го очекуваше неговата биста.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во бродот беа присутни сите Титови обележја, освен него: неговата биста, неговата работна соба, неговиот свет од долгите пловидби, плочките на кои беа испишани имињата на славните посетители, покрај државниците и имињата на Елизабет Тејлор, Ричард Бартон, Софија Лорен и други...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Го пречекав бродот Галеб како Титов амбасадор, односно негов претставник, пред кого беше построена морнарската гарда и го примав рапортот на командантот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Создавајќи ја својата лична епопеја тој ги извиши бистите на легендарните личности на историјата на Тунис: првин на Ханибал, картагинскиот генерал (247-183 пред н. е.), Југурта, кралот на Нумидија, непријател на Римјаните (160-104 пред н. е), Ибн Калдун, познатиот арапски филозоф и социолог, како и на Свети Августин, африкански свештеник (354-430).
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)