Сите букви ги знаеше уште лани, бидејќи неговите врсници заодија уште лани на школо, та тој, кое од дома, од татка му, кое од другарите, научи да чита и смета токму со нив.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Остануваат уште многу такви столбови, незнајни и значајни, мисли на четирите турски кули и на нивните господари, со кои ако не тој и неговите врсници, децата ќе мораат да се потфатат еднаш, зашто се туѓинци и поробувачи.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Си одиме, му велам на Васила и зачекорувам по патчето спрема шумата над која, на долни крај, како порта низ која се влегува и се излегува од шумата, се извишува полупрстенот останат од куполата на Латинска Црква.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Богдан џвака тешко од насобраната жештина во него, од умората, а децата од кметот, негови врсничиња, постојано гледат во него и му се потсмеваат нешто, се подбиваат со него.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Работеше како ноќен чувар во една од малкуте фабрики во градот, беше бедно платен и како голем дел од неговите врсници живееше од пензијата на неговите родители.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
По гласот Мече позна дека тој е или негов врсник или малку постар од него.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Постојано слушам како се зборува за опасноста од цигарите и постојано гледам колку многу негови врсници пропушиле. И се плашам.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Мајка ми и татко ми, гледам, никако не го контролираат, па решив работата да ја преземам во свои раце.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
За тоа ме дава за негови врсници.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Службениците по установите сѐ помалку го слушаа, неговите врсници по парковските клупи беа сѐ поздодевни, градските улици стануваа сѐ подолги за изодување.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Зашто тој бил иднината на животот - старите се само стари и мртви пред да умрат, тој и неговите врсници ќе го обновуваат животот, плодоносци со живо семе во живо месо.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Не бил фанариот, се колнел, не веќе распоп ами побратим или брат на светиот Гаврил Лесновски, дека во манастирот пеел на јазик на кој го научил да пее калуѓерот што го нашол по борбите со аскерот на пашата Лобуд, како што го научил да копа и да јаде половина од она што можел да изеде негов врсник, парче поскура, неколку маслинки и капка вино.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Трогнатиот отец Панделиј, последниот жив јунак од битките во Негуш, од ракијата дури малку и се сцрвел во лицето.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Веднаш, мислиш ја знаеле пресудата уште пред настанот, се одвоил еден сув и висок, целосно ист и исто облечен како и другите негови врсници.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Зад живите со фесови и со чалми се движеле костури со по една своја коска во жолтите шепи за одбрана на најмладиот од дружината.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Петте старци, тајно селско правителство и таен суд за селанските судири и недоразбирања, ги составиле главите, од нога да решат заслужува ли Јаков парче негова вила со три запци да му стане судија, суд, судбина.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Не се смееше, не беше палав како неговите врсници и другите деца.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
А кога дојде Маријанти, штом го виде таков рече: - Ова дете е будала, - и го прати во лудница.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Правилниот, малку орлов нос, брадата и устата му ја дополнуваа убавината, а здравите заби и веселата насмевка го правеа примамлив за секоја негова врсничка во селото и надвор од него.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Ш се роди како последно, седмо дете во неговото семејство. Прооде на четири години, последен од сите негови врсници.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Знаеше дека кога- тогаш ќе се најде некој негов врсник што ќе ја отвори сликовницата.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
А можеби за тоа придонесе и тоа - што започна да се дружи со една девојка, негова врсничка, Злата, како што дедому Илко го советуваше.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)