негов (прид.) - господар (имн.)

Се исплаши мојот кадија од еден грст луѓе кога неговиот господар не се плаши од цел свет.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Она му тури трапеза да го гости, и напои го, и извадила му скришома книгата што му ја дал негов господар и турила свое писмо какво да го е момчето пратило на татка си, така написала: „Отче, да знаеш зашто таја моја жена била дштерка на еден лош человек убијца и за нејни лоши работи пресекле еи руки.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Краста: Тој горила, Тики, има тешки психички проблеми.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Неговата господарка две години го чувала затворен дома.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Куќата горе ја направи уште татко му додека беше жив; го купи лозјето што беше на самиот врв, а потоа почна постепено да ги купува и другите лозја и бавчи, да го освојува брегот и да пати што не успеа сиот да го купи, да стане негов господар; со преселувањето на ридот, тој ја виде и можноста да се оттргне од луѓето, да се обгради од сите зла и несреќи што го зафаќаат селото; покрај тоа, тој одовде, од овој брег, можеше многу поубаво, појасно и попрегледно да го набљудува небото и ѕвездите, што му причинуваше големо задоволство.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Во “Ритуалот на Старата жена Tunnari” (хетски ритуали, KUB XXIV, 9, I) се вели меѓу другото: ... (старата жена ја преде волнената нишка): кој и да го маѓепса овој човек и го стори жолт-зелен hahlah hiskit сега јас ја тргнувам оваа магија и му го враќам тоа жолто-зелено на неговиот господар”.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)