Но стариот Карче не му обрнуваше многу внимание на тоа што прикажуваа луѓето, бидејќи и оние кои најмногу говорат зад неговиот грб, кога ќе го сретнеа, не знаеја како да му услужат и како да му ја искажат својата почит.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Секоја вечер неговиот грб е свртен кон мене како некој ѕид.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Колку од нив, кои знаеја, си намигнуваа зад неговиот грб?
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Малиот црномурен коњаник прилепен за неговиот грб, мавташе со рацете, викаше, забрзувајќи го својот белец.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Играа околу мене и пееја и биеја по распнатите кожи на наивните тапани.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
Нешто морав да сторам. Нацртав голем ној и се качив на неговиот грб.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
Можев да го влечам за коси, да скокам со босите нозе преку неговиот грб, да го посипувам со прав - но веќе за ништо немав волја.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
„Штотуку ми јавија“, рече тој, ставајќи ја својата рака врз нејзините.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Голите женски гради се залепија на неговиот грб, а прстите со лакирани нокти му се преплетоа на градите.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Од ножот на неговиот грб се спуштил црвен конец.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Уште еден чекор, уште еден, но тие напори го влечеле сега во линија на зиг-заг по бришан простор и бил точно онде кај што се исправил во атакот да ѝ појде в пресрет на смртта.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И сега неговиот поглед, со некакво нечисто прикрадување, го остави прозорецот и замина кон еден тих шум, што се разбуди зад неговиот грб.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Качена на неговиот грб ја чувствуваше сета топлина.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Скриена зад неговиот грб и самата не можеше да ги сопре солзите, кои се заезеруваа на крајот од долгите трепки, готови да капнат.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Стражарот ќе стигне до работ на зградата, потоа ќе направи полукруг околу себе, потоа неговиот грб ќе почне да се оддалечува во спротивната страна. И токму така.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Кога се напи, се обиде да се исправи, но пушката префрлена преку неговиот грб го врати кон земјата.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Кога се напи, се обиде да се исправи, но пушката префрлена преку неговиот грб го врати кон земјата.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Ги слушаше како се спресметуваат од нога на нога зад неговиот грб. Ги знаеше нивните молбени очи.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
На масата лево од Винстон, малку зад неговиот грб, некој зборуваше брзо и непрекинато, остро пљампање речиси исто како гакање на пајка, кое се пробиваше низ општата врева во просторијата.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Настапи тресок од кој тротоарот како да се издигна; дожд од лесни предмети се истури врз неговиот грб.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
По обилниот ручек (келнерката Цвета беше задолжена во 14 часот да му принесе топол оброк) тој се повлекуваше зад талпите потпрени на еден бор зад осматрачницата и, додека си го вадеше, песот Мурго, мафтајќи со опашката, полека ќе му се приближеше, ќе ги кренеше предните нозе и ќе ги потпреше на неговиот грб, но Гоше силно ќе го удреше со петица по стомакот, остро, на прва, со ѓон, за да не се случи нешто непредвидено, на тоа Мурго ќе заквичеше, ќе ги свиткаше задните нозе, ќе клекнеше на тревата (таа беше мека, англиска, добро одгледана и секогаш влажна, свежо испрскана), и по неа го лизгаше курот, надигнат, црвен, светнат, го влечеше по влажната трева до оградата и назад, по неколку пати, сè додека не свршеше.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
На Крсте му текна: го доведе магарето, го наведе под Ристета и го потпре неговиот грб.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ја извади картата од кожната торбичка што беше обесена на столот зад неговиот грб, ја отвори на масата и повтори.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Келнерот остана да виси над нив, неговиот грб во огледалото беше широк, дибечест.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Токму така!...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Да останам секогаш врз негов грб?...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Тоа беше добра зделка!...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Би го прашала, Колку краци има оваа ѕвезда?
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Внимавај термиту. Колку краци има оваа ѕвезда?
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Кога би се омажила за дебел човек, секоја ноќ би цртала ѕвезди на неговиот грб.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Малиот црномурен коњаник прилепен за неговиот грб, мавташе со рацете, викаше, забрзувајќи го својот белец.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)