негов (прид.) - грло (имн.)

Од неговото грло сепак се одрони еден болен, задавен вик.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
- Хи-хи-хи, - кусо искикоте Шишман со истенчен глас каков што од неговото грло не би се очекувал.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Клекнат на колена несвесно низ крик излета придушен глас од неговото грло „Господе, зар моето покаение не е доволно за прошка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Таа му го подзеде јазикот, му го исцица, стегајќи го одоздола со својот и, кога доби чувство дека губи здив, дека се задушува, му ги врати двата стуткани во неговото грло кое во тој момент беше широко отворено и чудно кркореше.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Додека го слушаше `рзнувањето на коњот, во неговото грло злокобно завиваше жед, чепоресто пуштајќи по телото суви и горки жилички.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Во неговото грло пак ’ртеше смеата како темен страв кога наоѓаше дека во библискиот Еклизија има вистина. „Се е суета“ ,се сеќаваше и беше нејак да ги состави во една целина ситните парчиња на полусонот и сеќавањата.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Сакаше да прсне вратата во илјада искри, да влезат прогонувачите со гладни челични цевки свртени кон неговото грло, да го уништат со неговото уништување да ја уништат и парадата на пакосните портрети родени во пијана занесеност оној што ја остави својата седалка за милување и појде, го уверуваше, по лекар.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Се обиде да стане, во својот смрзнат страв да му се спротиви на извик, но во неговото грло крикот само кркореше; еднаш во една тешка 'ржена зрелост.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ѝ поставаше итри иследнички прашања, штикови завртени кон неговото грло.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Нивните гранки, како подвижни пипала, до смрт се стегнати во занесот околу неговото грло.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Дедо Иван и Бојан го гледаа и секоја голтка што тонеше во неговото грло беше искра радост во нивните очи.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Јагненцето веднаш клекна под овцата, го набара топлото виме и кога млекото потече во неговото грло, весело почна да го вртка опавчето.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Мајка ѝ на Чана сфати дека Петра не сака да кажува што сонувала, Ама навистина Петра цала нојќ муабет прајше су некуј! си мисли во себе, дури сигурна е дека му го слушна и гласот на Костадин, та таа многу убаво знае какви писки имаше во неговото грло.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Сакаше да прсне вратата во илјада искри, да влезат прогонувачите со гладни челични цевки свртени кон неговото грло, да го уништат, со неговото уништување да ја уништат и парадата на пакосните портрети родени во пијана занесеност на оној што ја остави својата седалка за милување и појде, го уверуваше, по лекар.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Се обиде да стане, во својот смрзнат страв да му се спротиви со извик, но во неговото грло крикот само кркореше; ни одблизу не потсетуваше на едно липање оставено еднаш во една тешка ’ржана зрелост.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)